Македонија и Визер ќе ги објават плановите за годинава
Концесионерот на македонските аеродроми ТАВ Македонија и нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска ќе ги презентираат постигнатите резултати во минатата година и плановите за годинава.
Договорот на македонската Влада со „Визер“ која добива субвенции од државата, истекува во јуни годинава, а финансиската поддршка од државата за нискобуџетни авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани преку пониски цени на авиобилетите, според ресорниот министер Горан Сугарески, ќе продолжи и во наредниот период.
Министерството за транспорт и врски, како што најави неодамна Сугарески, планира да објави нов јавен повик на кој ќе може да се пријават сите заинтересирани нискобуџетни авиокомпании. Во тек е изработка на стратегија за начинот за отпочнување на постапката во насока на начинот на финансирање.
Од ТАВ Македонија за МИА велат дека ги поддржуваат сите иницијативи на Владата и на авиопревозниците кои го поддржуваат растот и развојот на авиосообраќајот во земјава.
- Македонскиот авиосообраќај изминативе години бележи постојан пораст и напредок во сите сегменти. Позитивните статистики кои ги остварува македонскиот авиосообраќај се резултат на континуираните инвестиции на ТАВ Македонија со кои обезбедуваме услуги со висок квалитет за нашите патници и клиенти, на напорите на авиокомпаниите да воведат нови линии од и кон македонските аеродроми, како и на владината политика за поддршка на нискобуџетните авиокомпании. ТАВ ги поддржува сите иницијативи на Владата и на авиопревозниците кои го поддржуваат растот и развојот на авиосообраќајот во земјава, велат од ТАВ.
Според податоците што ги објави ТАВ Македонија, авиокомпанијата „Визер“ лани превезла најголем број патници од македонските аеродроми и има 59 проценти пазарен удел.
Преку скопскиот и охридскиот аеродром лани патувале 2.027.344 патници, што претставува пораст од 13 проценти споредено со 2016 година. Вкупниот број на летови на двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, лани е зголемен за седум проценти и дистигна 18.130
Ново на Сител
-
Вo среда наутро во Скопје авионска дезинсекција против комарци
-
МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра
-
Собранието ги изгласа новите кадровски решенија на Влен
-
Се шири болеста чума кај малите преживари во Албанија, стигна и во погранична област во близина на Дебар
-
Поднесени кривични за две лица од Делчево осомничени за „предизвикување општа опасност“ и „бесправно градење“
-
Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка
-
Скопјанец приведен за семејно насилство