Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
Преку размена на позитивни практики и искуства, Македонија и Хрватска ќе ја зајакнуваат образовната соработка и ќе унапредуваат повеќе аспекти на националните воспитно – образовни системи. Особено внимание ќе се посвети на стручното образование и обуката, ќе се работи на поврзување и развој на регионалните центри кои промовираат и реализираат ваков вид на образование и на основање образовни центри за извонредност.
За ова денеска се дискутирало на состанок во хрватското Министерство за наука, образование и млади, каде во работна посета е делегација од Македонија, составена од претставници на повеќе образовни институции и на УНДП, а предводена од државниот секретар во МОН, Елена Ивановска.
-Целта е да се формализира соработката предвидена во билатералната програма која министрите за образование на двете земји ја потпишаа во август годинава, со важност до 2028. Двете страни ќе основаат заедничка комисија која периодично ќе се состанува и ќе развива и реализира иницијативи од интерес на државите. Покрај средното стручно образование, акцент ќе биде ставен на процесот на дигитализација и воведување вештачка интелигенција во наставните програми, информираат од МОН.
Предвидена е соработка и во областа на предучилишното, како и во основното образование, особено во делот на поедноставување на постапките за изработка на учебници и наставни материјали.
Хрватската страна била претставувана од државниот секретар за наука, образование и млади Зринка Мужиниќ Бикиќ, директорката на Управата за воспитување и образование Весна Шерепац и раководители на повеќе сектори во двете институции.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна