Македонија и Бугарија потпишаа меморандум за партнерство во секторот на природниот гас
Министрите за економија на Република Македонија, и Република Бугарија, Крешник Бектеши и Теменужка Петкова денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете министерства.
Како што соопштија од Министерството за економија, предметниот меморандум предвидува продлабочување на соработката во енергетиката и развој на билатерално стратешко партнерство во секторот на природниот гас, преку развивање на нова директна врска меѓу системите на природен гас на Македонија и Бугарија.
- За реализација на предвиденото, планирано е создавање на меѓудржавна експертска работна група за гас, која во рок од шест месеци по стапувањето на сила на овој документ ќе треба да подготви нацрт технолошко-економски елаборат за изградба на новото гасно поврзување. Овој елаборат треба да содржи анализи на техничките, пазарните, економските, финансиските и регулаторните аспекти на проектот и да понуди решенија за потребната инфраструктура на територијата на двете држави, се вели во соопштението.
Министерите Бектеши и Петкова, по средбата на делегациите на владите на двете земји, одржале и билатерална средба, на која разговарале за соработката во енергетскиот сектор и енергетските проекти кои се од взаемен интерес на двете земји.
Досегашната соработка со Република Бугарија се одвиваше во делот на електроенергетско поврзување, преку изградбата на 400 kV далекувод Штип (Република Македонија) – Црвена Могила (Република Бугарија), како дел од Коридорот VIII, како и во делот на малите хидроелектрични централи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата
-
Во Македонија лани изгореле 95.181 хектари шума - 3,7% од вкупната територија на државата
-
Премиерот добил дојава дека дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет