Македонија и Бугарија не постигнаа прифатлива цена за струјата
Бугарија и Северна Македонија не успеаја да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави БНР.
Како што јави дописникот на МИА, работна група од Северна Македонија престојуваше во Софија. На состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан Муртезани од МЕПСО, како и Виктор Андонов – советник на премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
На средбата не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија.
Во текот на претстојната недела повторно ќе има состанок на работните групи за втор обид да се постигне договор за снабдување со електрична енергија.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека на 5 септември премиерите на двете земји Галаб Донев и Димитар Ковачевски се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија