-->
-->
Македонија гостува на истото место, кај истиот ривал - Чешка
-->
Ракометната репрезентација на Македонија новиот предизвник го има против добро познат ривал селекцијата на Чешка. Денеска нешто после пладне (почеток 12.30 часот) нашата селекција ќе игра во Злин против Чешка. И салата (Еуроникс), а и ривалот добро познати. Тука во ноември 2014 година одигравме нерешено 27:27 во квалификациите за ЕП 2016.
- Гледавме видео од нивните последни два-три натпревара и се подготвивме, може да очекувате некои мали новитети во нашата игра. Мнозинството од оваа репрезентација сме играчи кои до неодамна игравме во Металург, се познаваме и знаеме што бара Лино Червар. Знаеме дека преферира една цврста одбрана, со што помалку примени голови, во напад се игра паметно, Ние сите очекуваме победа, изјави Ацо Јоноски .
На последните дуели со Чешка нашата селекиција нема пораз на ЕП во Данска 2014 беше нерешено 24:24, а победивме во Скопје на квалификациите 32:28.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО