Македонија
23. September 2017 - 12:02

Македонија годинава без кандидат за Оскар, пријавените два филма одбиени

Ниту еден од пријавените филмови не ги исполнува естетските и наративните критериуми за да биде македонски кандидат за Оскар, од неанглиско говорно подрачје, одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за Оскар.

Како што соопшти денеска Друштвото на филмски работници, Комисијата одлучила ниту еден од пријавените кандидати, „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски да не ја претставува Македонија во трката за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Претседател на Комисијата за избор на македонски кандидат е продуцентот Роберт Насков, а членови се Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф), Марија Апчевкса (режисер), Роберт Јанкулоски (директор на фотографија), Атанас Георгиев (монтажер) и Жаклина Крстевска (костимограф).