Македонија
2. April 2021 - 16:51

Македонија го живее највисокиот пик до сега - Рекорден број хоспитализирани

Тимови од Здравствен дом Скопје од вчера на терен со Астра Зенека ги вакцинираат и лицата сместени во старечки домови. Отпор од постарите лица нема а медицинскиот персонал вели дека е така и во пунктовите за имунизација. Над 77 години се сите оние кои прво пополнуваат согласност па седнуваат на столчето за боцкање. Мал бил бројот на граѓаните кои овие три дена не се појавиле на закажаниот термин.

-Има такви кои не доаѓаат. Мал е бројот но ие и нив ги контактираме и воглавно дали се работи за некој моментален инфект, вели др. Бети Гелејчевска Илкоска, лекар во пунктот за имунизација во Букурешт.

Во пунктот во Букурешт досега не вртиле ниту еден граѓанин а речиси сите над 77 години кои овие денови ја примиле вакцината на Астра Зенека имаат хронични заболувања. Она што најчесто го слушаат од лекарот е симптомите кои може да ги добијат по аплицирање на дозата.

-Не прашуваат за исхраната, за активностите после вакцина а има и такви кои не прашуваат и за алкохол. Нема некои исклучоци во тој дел а за алкохол им велиме дека 48 часа не треба да консумираат, вели др. Илкоска.

Од 15 до 30 минути е опсервацијата по приемот на вакцина но овие три дена немало никаква реакција кај постарата популација. А тие задоволни што добиле заштита од Ковид 19 им порачуваат и на другите да не се двоумат и да примат вакцина.

-Било која вакцина е подобра од ништо. Има порачуваат да не веруваат во се што се пишува и да се вакцинират...Добро се чуствувам..Колку се љубезни овде, ми иде уште еднаш да дојдам да ме боцнат..велат граѓани.

И додека ја чекаме масовната имунизација и за останатите граѓани, во државата се рушат рекорди по број на хоспитализирани пациенти. Болниците се преполни и во овој момент има дури 1720 лица кои поради компликации од вирусот завршиле на кислородна поддршка. Рекорден е и бројот на приеми во главниот град изминатотот деноноќие – во ковид центрите завршиле 87 граѓани.

Здравствените власти алармираат дека ова е најсилниот бран досега, но нема да има дополнителни рестриктивни мерки. За претстојните празници дополнително ќе дискутираат на Комисијата за заразни болести.