Македонија дел од акцијата „Час на планетата Земја“
Над 80 локации во Македонија утре ќе потонат во мрак и ќе се приклучат кон глобалната акција „Час на планетата Земја“.
Во 20:30 часот по локално време, во период од еден час, во мрак ќе бидат плоштадот Македонија со споменици, Порта Македонија, улицата Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, Колонада, Јавното обвинителство, Министерството за надворешни работи, плоштадот Мајка Тереза и Филип Втори, Мостот „Око“ и Мостот на уметноста.
Учество во акцијата најавија и скопските општини Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба и Центар, како и трговските центри „Капитол“ и „Скопје сити мол“.
Во Охрид во мрак ќе потонат црквата Свети Јован Канео и Самуиловите тврдини, а ќе се исклучат и голем број локации во Струмица, Крушево, Битола, Ресен, Ранковце, Демир Хисар, Берово, Крива Паланка, Гостивар...
Централниот настан ќе биде на плоштадот Македонија каде волонтери на Црвениот крст со петстотини свеќи ќе го испишат логото на акцијата 60+.
Со поддршка на ЕВН Македонија, во мрак ќе се одржи и акустичен концерт на македонската пејачка Теа Трајковска, а присутните ќе добијат флуоросцентна алка и флуоросцентен цртеж за лицето и да се приклучат кон одбележувањето на Часот на планетата Земја.
- Додека глобалната биолошка разновидност се намалува со невидена стапка, Часот на планетата Земја оваа година ќе ги фокусира своите напори да поттикне поддршка за акција за биодиверзитетот и природата под мотото „Поврзи се со планетата“, односно „Connect2Earth“, истакна денеска на прес-конференција Ѓорги Селков од Канцеларијата на Часот на планетата Земја во Македонија.
Македонија годинава по девети пат се приклучува во акцијата „Час на планетата Земја“. Во период од еден час во мрак ќе потонат над 180 земји и 7000 града ширум светот.
Ново на Сител
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци
-
Канада најави царини за одредени американски производи
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност