Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО
До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во борбата против коронавирусот, соопшти Северноатлантскиот сојуз.
Македонија е една од трите земји членки од Западен Балкан што ќе добијат ваков вид помош.
„Во текот на октомври и ноември, сојузниците на НАТО, Албанија, Црна Гора и Македонија, ќе добијат десетици респираторни машини и вкупно околу 1,5 милион евра медицински материјали од фондот за одговор на пандемијата. Toa следуваше откако трите земји побараа помош од Евро-атлантскиот центар за координација и одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) “, се вели во соопштението, објавија подгорички „Вијести“.
На Албанија неодамна и беа доделени 60 респираторни машини кои се наоѓаат во Италија, а кои ќе бидат доставени наскоро.
НАТО формира резерви на медицинска опрема за да може да обезбеди итна поддршка на земјите членки или партнерски земји на кои им е потребна помош.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари