Македонија
6. March 2024 - 16:39

Македонија 2025 претстави единствена визија за забрзан економски раст

Континуиран раст на БДП од 5% и забрзан развој на македонската економија е возможен, сметаат бизнисмените од Македонија 2025.

Претставија стратешки план кој преку дигитална трансформација, зголемување на конкурентноста и привлекување на иселениците ќе ја направи македонската економија лидер во регионот.

Корупцијата која е сеприсутна во македонското општество е најголем проблем за бизнисмените.

-Нулта толеранција кон корупцијата преку транспарентност, преку систем на вредности преку систем базиран на заслуги пред се преку лична одговорност којашто во последните години се помалку ја гледаме во општеството во Македонија. Секако дека тоа е поврзано со модерните текови на бизнис опшкружувањето, јавната администрација, што значи квалитетна и ефикасна јавна администраија што работи по светски стандарди и пред се дигитализирана администрација којашто го спречува или ја сведува на минимум можноста за коруптивни дејства, вели Ѓорѓија Војновиќ од Македонија 2025.

Според експертите, дигиталната трансформација на администрацијата, општините, но и на самите компании е неопходна за зголемување на конкурентноста.

-Ќе овозможиме да чувството кај граѓаните дека државата е нивен сервис стане вистинско и ќе овозможиме се повеќе граѓани својата среќа да ја бараат надвор. Со тоа индиректно ќе влијаеме на економскиот развој на нашата држава. За да го обезбедиме тоа ние предлагаме да се направи долгорочен план со краткорочни цели. Предлагаме дека секоја година најмалку 10 услуги кон граѓаните да бидат дигитализирани. За да го спроведеме ова, ние мораме да ги земем предвид сите постоечки капацитети, да ги искористиме постоечките инвестиции, да ги надоградиме тие што треба да се надоградат, вели Васко Кроневски од Македонија 2025.

Бизнисот потенцијал гледа и од странство. Потребен е нов пристап и нов ефикасен систем за привлекување на странски директни инвестиции, но и да им се олесни на македонските иселеници полесно да се вратат тука и полесно да инвестираат.