Македонец со „Ауди Ку7“ излета во реката Босна, на кров чекал да го спасат | ФОТО
Македонецот З.Љ. (48) кој утрово со „ауди Q7“ паднал во реката Босна во Добој, не е повреден, потврдиле за Српскаинфо во Полициската управа во Добој. Возачот по несреќата излегол од автомобилот, се качил на покривот и чекал помош. Полицајците дошле со чамец и го пренеле до брегот.
Портпаролот на оваа Управа, Драгана Керкез, изјави дека утрово околу 9.30 часот во Костајница кај Добој се случила сообраќајна несреќа кога автомобил излетал од патот кон реката Босна.
– Возилото го управувал З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето на возачите учествувале полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица Добој – појасни Керкез.
Возачот превентивно бил испратен на преглед во Здравствениот дом Добој.
Увид извршиле полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој.
Како што претходно објави „Српскаинфо“, тој по несреќата излегол од автомобилот и се качил на покривот и чекал помош. Со чамец му помогнале полицајци, кои потоа го пренеле до брегот.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис