Македонија
24. February 2020 - 13:24

Македонец од жариштето на коронавирусот во Италија: „Како да е нуклеарна криза... стварно е језиво“

Италијанските власти изолираа неколку области во Ломбардија и Венето кои се индустрискиот центар на Италија и заедно сочинуваат 30% од БДП на земјата. Во овие области се забранети сите јавни настани, затворени се училиштата и ограничено е движењето на населението само за најнеопходни работи.

Првиот случај на корона вирусот во Италија беше забележан во Кодоњо гратче југоисточно од Милано. Пациентот е 38-годишен маж кој се заразил по средба со пријател кој бил во посета на Кина. Неговата состојба е стабилна.

Единаесет населени места, од кои повеќето во северната област Ломбардија се изолирани согласно мерките што ги презеде италијанската Влада, по вонредната средба поради епидемијата на новиот корона вирус. Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата  не се дозволени без посебна дозвола. Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забранети за една недела, меѓу кои и четири натпревари од Серија А.

Македонец кој живее во еден од регионите под карантин, вчера го сподели искуството на Форумот Кајгана, наведувајќи дека „технологијата колку направи добро, уште 5 пати направи полошо“.

„Како да е нуклеарна криза... стварно е језиво Ајде јас како кајганџија кој живее во епицентарот на жариштето во Италија, да кажам 1 реченица. Технологијата колку направи добро, уште 5 пати направи полошо. Теткици и бабички да гледаш по маркетите како товарат колички , како да е нуклеарна криза.. стварно е језиво , и смешно (види слика доле, бабичка во лидл во саботата, со 100литри вода 20 кила брашно 30кила млеко и слично) . Вчера и денес неможев да си купам ниту месо, ниту овошје ниту зеленчук, вода одвај само во мали пакувања од 0.5 . Се издигаа од рафтовите .. ако не гледав the walking dead сега имам прилика во живо да гледам. Блиските мали населени места се градови на духови, ништо не работи , колега од работа кој живее во codogno , местото од каде почна се , патем 10 км оддалечен од тука, му се јавија од работа уште во петок , да не доаѓа на работа во следниот период, ќе му се јавеле кога да дојде ,човекот ми се пожали дека нема од каде да купи храна , неговите дома морале да месат леб и да гледаат дома по цел ден тв. Досега има 3 починати од вирусот во државата. Сите 3 се луѓе во одминати години 70+ , школите кината теретаните спортските комплекси стадиони и се каде што се собира повеќе народ е затворено од владата на 1 недела , сега засега. Апокалипса данас. Јас лично не сум уплашен од вирусот , но сум уплашен од ефектите кој веќе ги постигна , затворени школи,банки,здравствени институции,спортски објекти , кина , фабрики .“