Македонија
5. May 2018 - 12:29

Македонец направил вистински хаос во Виена

Во раните утрински часови во едно кафуле во Виена двајца српски државјани се потешко повредени откако биле нападнати од двајца Срби и еден Македонец, јавуваат српските медиуми.

Инцидентот се случил во четвртокот изутрината, кога двајца 29-годишни Срби влегле во кафуле во кое, сосема случајно, имало само мажи.

На тоа едниот од нив на шега прашал „Дали е тоа п******* забава?“, што не им се допаднало на тројцата гости, двајца Срби и еден Македонец.

Тие без никаква најава ги нападнале гостите, а еден од напаѓачите имал и метална шипка.

Кога полициските службеници влегле во наводно затворениот локал, осомничените, како и другите гости, се обиделе да побегнат, но сите тројца напаѓачи биле приведени.