Македонец меѓу најдобрите лекари, избрани на интернет гласање во Бугарија
Македонецот Борче Николовски кој потекнува од Демир Капија и работи како кардиолог во Бугарија е избран меѓу најдобрите пет лекари при интернет гласање на бугарските пациенти. Во изборот за “достојни лекари”, овој 32 годишник се најде на третата позиција.
Како што пишуваат бугарските медиуми, проектот е со цел да се врати довербата во луѓето со бели мантили. Во гласањето учествувале преку десет илјади граѓани, а номинирани биле околу 500 лекари од различни специјалности.
– Лекарот со македонски корени е дел од тимот на Оделот за кардиологиja и интервентна кардиологиja во многупрофилната болница за активно лекување – Бургасмед, појаснуваат бугарските медиуми за Николовски, при описот за лекарите.
Тој е член на Европското друштво на кардиолозите и европската асоцијација за кардиоваскуларна дијагностика. Eден од основачите на модерното отделение за каридоваскуларни болести на МБАЛ “Бургасмед” од Бургас.
– Особено сум благодарен за укажаната доверба од страна на граѓаните и сите што застанаа зад мене и мојата номинација. Тоа е дополнителен мотив, да продолжам да ја работам работата најдобро што можам, рече Николовски за МИА.
Оваа вест со радост ја дочека неговото семејство во Демир Капија, во кое медицината и грижата за пациенти, се негува со генерации. Неговиот татко е дефектолог во Специјалниот завод, а сестрата Кристина која е пред дипломирање за доктор, сака да специјализира психијатрија. Мајка му е патронажна медицинска сестра, а прабаба му, бабица која ги пораѓала бебињата во демиркапиското село Клисура
Ново на Сител
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско