Македонец кој бил десна рака на Седат Пекер уапсен во Турција
Денеска турската полиција уапси македонски државјанин кој му бил десна рака на мафијашот Седат Пекер, објавија турските медиуми.
„Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Седат Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гикчен. Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет”, пишуваат турските медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Како што пренесуваат медиумите, Томовски му бил близок соработник на Пекер и заедно дејствувале во Македонија, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати.
Полицијата го привела на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул.
Според тврдењата на турските медиуми, Томовски, кој имал чести средби со Пекер во Македонија, бил на пат да замине во Египет преку Турција.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ