Македонците во редици за вакцинација во Врање
Откако на македонските граѓани им е овозможена имунизaција без претходна пријава преку српската владина е-управа, пред главниот пункт за вакцинација на Здравствениот дом во Спортската сала во Врање, се формираат редици и гужви од големиот број граѓани на Македонија кои денеска пристигнаа во Врање за вакцината против вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград.
Од Здравствениот центар во Врање соопштија дека заради зголемениот број на луѓе зајакнати се сите пропишани епидемиолошки мерки, „пред се мерките за заштита и дезинфекција, како и дезинфекција на просторот“.
-На граѓаните на Република Македонија им беше наложено да не прават гужви и им беше кажано дека сите ќе бидат вакцинирани, изјавија од Здравствениот центар во Врање, соопшти порталот Нова рс.
Последните неколку дена, стотици Македонци се вакцинирани во Врање, а само вчера вакцинирани се 599 лица, покажува статистиката на Здравствениот центар.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена