Македонија
6. јуни 2021 - 16:49

Македонците се вакцинираат во Србија без закажување

Стотици македонски државјани викендов се вакцинираа или ревакцинираа во Србија. На пунктот во Врање тие можеа да ја примат првата доза на Фајзер или алтернативно кинеската вакцина. Вкупно биле пријавени 750 наши граѓани, но српските медиуми јавија дека некои се вакцинирале и без претходно закажување. Досега во овој град се вакцинирани 1.105 Македонци, од кои 836 ги примиле двете дози.

Наште граѓани можеа да се вакцинираат и во Ниш, со Синофарм, АстраЗенека и Фајзер. Од МВР потврдија дека на граничниот премин Табановце последниве два дена е забележана зголемена фреквенција на македонски државјани.

Србија е отворена и за ревакцинација на нашите држајани кои таму ја примиле првата вакцина. Од македонското Министерство за здравство потврдија дека во тек се преговри со нивните српски колеги да се отворат пункотви за оваа намена блиску до границата, најверојатно во Ниш или Врање, но се уште нема конкретен договор. Српскиот министер за здравство Лончар порача дека македонските граѓани во меѓувреме ќе можат да ја примат втората доза на пунктовите на кои ја добиле првата и воедно ги повика македонските граѓани електорнски да се пријават за термин пред да тргнат на пат.

Досега во Србија се вакцинирани над 15.000 македонски државјани.

Претседателот Вучиќ побара од српската влада да дозволи слободна вакцинација за македонските граѓани со вакцини по нивен избор.