-->
-->
Македонците од Торонто во недела на протест против тиранската платформа
-->
Здружение на Македонци од Торонто закажа собир во протест против тиранската платформа за недела, 2 април. Собирот, според поканата, ќе се одржи пред Легислативната Зграда на државата Онтарио, во паркот Квинс во Торонто со почеток во 1 часот.
"Македонската заедница од целиот свет е обединета и со еден глас ја отфрла Тиранската платформа и отфрла било какво странско мешање и интервенирање во суверенитетот на МАкедонија. Република Македонија е независна држава и никој нема право да се меша во нејзините внатрешни прашања", пишува во најавата.
Во текот на изминатиот месец слични собири на Македонци кои протестираат против платформата од Тирана се одржаа во поголем број престолнини низ светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај