Македонците над европскиот просек според познавањето странски јазици
Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните.
Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од возрасната популација зборува друг јазик.
Постојат значителни варијации меѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето знаат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај.
Спротивно на тоа, во Велика Британија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија и Бугарија помалку од 50 отсто од луѓето се повеќејазични.
Луѓето во земјите каде што англискиот е мајчин јазик не изгледаат заинтересирани за учење друг јазик, па затоа само половина од Ирците зборуваат и разбираат барем уште еден странски јазик, а најлошо во Европа стои Велика Британија, каде што јазик различен од мајчиниот знае едвај 34 отсто од населението.
Од земјите во нашето опкружување, најдобро позиционирана е Србија каде што 79,3 отсто знаат и друг јазик, следува Хрватска со 73,2 отсто, Грција 66,5, а на дното се Бугарија со 49,5, Албанија со 40 проценти и Босна и Херцеговина со 39 проценти.
Ново на Сител
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година
-
Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин
-
Приведени двајца крадци од Прилеп, со мотоцикл одзеле златно ланче од 76-годишна жена
-
Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
-
Скопското обвинителство бара притвор за жител од Батинци поради недозволено држење оружје и муниција
-
„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол
-
Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница
-
Предлог Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство во матичната собраниска комисија и на пленарна седница