Македонците може да се ревакцинираат со „Астра Зенека“ во Србија само во градот во кој примиле прва доза
Државјаните на Македонија кои овие денови доаѓаат на ревакцинација во Србија, и кои пред три месеци, на 27 и 28 март, ја примија првата доза на „Астра Зенека“ ќе можат да се ревакцинираат само во градот во кој ја примиле првата доза, јави доспиникот на МИА од Белград.
-Сите оние кои прв пат се вакцинираа во Белград, ќе мора на ревакцинација да дојдат во Белград. Така ни е речено од Белград и ние тоа мора да го почитуваме. Знам дека на Македонците полесно им е втората доза да ја примат во Ниш, но од Министерството ни објаснија дека постојат технички проблем тоа да се реализира, изјави за „Нишке вести“ директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан.
Тој додаде дека во последните два дена веќе се ревакцинирани околу 800 државјани на Македонија.
-Сите кои во Ниш ја примиле првата доза ќе можат да ја примат и втората доза, нека не се грижат, кажа Јеркан, според кој, во Ниш веќе се набавени и има вкупно 6.500 дози на „Астра Зенека“ за македонските граѓани.
Тој додаде дека луѓето не треба да брзаат и дека до вторник можат да дојдат во Ниш да ја примат вакцината.
Директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ денеска изјави дека 13.000 граѓани од регионот и Европа биле поканети во сабота и недела да се ревакцинираат на Белградскиот саем, бидејќи, како што кажа, поминаа 12 недели од првата доза.
-Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5.000 и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјави Бекиќ за телевизијата К1.
Тој додаде дека за викендот ќе бидат отворени салите 3 и салата 11, а работното време на вакциналните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот.
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час