„Мајкрософт“ ќе го укине „ВСА“
„Мајкрософт“ во октомври 2021 година го претстави „Виндоус потсистемот за Андроид“ (ВСА), функција којашто му дозволуваше на „Виндоус 11“ да управува со апликации наменети за „Гугл андроид“. Сепак, крајот на сè тоа ќе се случи следната година.
„Мајкрософт“ на својата страница објави дека „ВСА“ ја прекинува поддршката на 5 март 2025 година. Корисниците дотогаш може да инсталираат и користат апликации (од „Амазон ап стор“). Што точно ќе се случи во март 2025. – не е познато.
Во секој случај, нема информации за промени на „Фон линк“, така што корисниците, се чини, сепак ќе можат да користат „Андроид“ апликации од „Виндоус“ оперативниот систем и на други начини, велат познавачите. Разликата би била во тоа што тие ќе си работат на мобилниот телефон и ќе може да го пренесуваат тоа на екранот на компјутерот. Се истакнува оти само одредени паметни телефони и брендови ќе ја поддржуваат оваа функција.
„Гугл“ исто така има свој начин на користење на софтверот за „Андроид“ на компјутер, а тоа е „Гугл плеј гејмс“. Иако првично е наменет за преземање игри, фората е во тоа што не постои суштинска разлика меѓу апликациите и игрите. Исто така, постојат апликации од трети страни коишто работат со софтверот за „Андроид“ на „Виндоус“ и „Линукс“.
Ново на Сител
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар