Мајките домаќинки посреќни од мајките кои работат
Најново истражување покажува дека мајките кои остануваат дома и се грижат за децата и домот се посреќни од оние кои работат.
Во истражувањето спроведено за осигурителната група „ЛВ“ испитани се 3.000 луѓе, кои одговарале на прашањатоп дали се задоволни со својот живот. Нотиран е процентот на тие кои изјавиле дека се среќни.
Од родителите кои не работат 87,2 отсто изјавиле дека се среќни, додека додека 53,8 проценти од вработените изјавиле дека се среќни. Анкетата покажува дека најнесреќни се вработените во маркетинг, огласувањето и односи со јавноста.
– Домаќинките се посреќни од луѓето во која било професија, но тие работат двојно повеќе часови, се истакнува во извештајот од истражувањето.
И претходните истражувања покажуваат како мајките кои остануваат дома веруваат дека нивните животи се поисполнети од оние кои работат.
А истражувањето на британската Влада покажа како една третина од мајките кои работат сакаат да го напуштат работното место и да останат дома со децата. Од друга страна општеството врши притисок до жените да се вработат, а децата да одат во градинка.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена