Мајка оставила бебе само во када и 20 минути "седела" на Фејсбук: Кога се вратила затекнала хорор сцена!
Мајка минала 20 минути на Фејсбук а за тоа време нејзиното шестмесечно бебе се удавило во купатилото.
Шајен Самер Стаки (21) рекла на полицијата дека ја оставила малата Зајла Хернандез без надзор во када со вода во својата куќа во Тексас.
Истакнала дека девојчето го оставила само на "неколку минути". Кога ја пронашла, бебето било во вода со лицето свртено надоле.
Таа се обидела да ја оживее ќерката, но не знаела како, пишува во извештајот.
Откако ја оставила ќерката во бањата да се капе, рекла дека отишла да внимава на другото дете, а потоа седела на Фејсбук.
Во меѓувреме сфатила дека заборавила на ќерката во бањата. Девојчето веднаш го однеле во болница но го прогласиле за мртво.
Според прелиминарниот извештај од аутпосија, било откриено дека девојчето починало од давење.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“