Македонија
28. September 2022 - 10:47

Мајка од пеколот: Си ги терала малолетните деца да питачат

Вчера во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром-Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат, соопшти МВР.

Како што информираат од МВР, претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците,  а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.