Мајка му сакала да го абортира, денес е еден од најдобрите фудбалери во светот
Во новиот документарен филм за животот на Кристијано Роналдо неговата мајка Долорес Авеиро открива дека сакала да ја прекине бременоста.
Филмот на режисерот Ентони Вонке ќе биде прикажан премиерно на 9 ноември во Шпанија, а е направен во соработка со португалската ѕвезда.
Се чини дека најинтересна беше изјавата која ја даде неговата мајка.
-Не сакав да го родам Роналдо. Имав веќе три деца, со мажот не се согласувавме околу неговата склоност кон алкохолот, но Бог сакаше поинаку и денес сум горда мајка. Се што имам денес му го должам на Кристијано, изјави Долорес.
Инаку, Роналдо бил воодушевен со идејата за снимањето на филмот бидејќи сакал светот да го види неговото вистинско лице.
-Се надевам дека овој филм ќе ги увери гледачите дека Кристијано воопшто не е арогантен, изјави режисерот Вонке
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија