Мајка и нејзините три деца извлечени од урнатините 18 часа по земјотресот во Измир
Мајка и нејзините три деца биле извлечени од урнатините на една зграда во Измир под која биле заробени скоро 18 часа по силниот земјотрес во регионот на Егејското Море во кој загинаа најмалку 27 лица.
Во тек се напори за спасување на четвртото дете, пренесе „Ројтерс“.
Земјотресот уништи најмалку 20 згради во егејскиот пристанишен град Измир, каде сè уште трае операција за спасување.
Министерот за животна средина, Мурат Курум, рече дека досега биле извлечени околу стотина луѓе од урнатините.
Властите од Измир соопштија дека во земјотресот загинале 25 лица крај бреговите на западна Турција, додека две деца, момче и девојче, загинале на грчкиот остров Самос откако се срушил ѕид врз нив.
Повеќе од 800 лица се повредени во Турција.
По силниот земјотрес од 7 степени биле регистрирани околу 250 потреси.
Ново на Сител
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин во Скопје - приведени две лица | ФОТО
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“