-->
-->
Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во Слатино, таткото и синот пренесени во болница
-->
Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму констатирал смрт кај 36 годишна жена и нејзината ќерка. Докторот бил повикан од мајката на почината К.Ш (36).
- Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид. Сопругот Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, се префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржано во полициска станица за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.
По наредба на обвинителот телата на починатите биле предадени за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“