Кошарка
6. February 2025 - 8:34

Мајк Џејмс стана првиот член на „клубот 5.000“ на Евролигата

Мајк Џејмс минатата сезона испиша историја со тоа што стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата, а во средата направи уште еден голем подвиг.

На мечот на Монако против Басконија, искусниот кошаркар стигна до бројката од 5.000 постигнати поени во најсилното европско натпреварување.

Историскиот поен од линијата за слободни фрлања го постигна во третата четвртина.

Џејмс има 34 години и играше во Евролигата за ЦСКА, Олимпија Милано, Панатинаикос и Басконија.