Кошарка
22. May 2022 - 13:42

Мајами поведе против Бостон со 2-1 во финалето на Источната конференција

Мајами го доби и третиот  дуел против Бостон во финалето  на Источната конференција од НБА плејофот. 
 
Во првиот од двата меча што се играат во Бостон, тимот на Мајами славеше победа со 109-103 им врати на „Селтикси“ за поразот на домешен терен пред три дена. 
 
40-те поени и 9-те асистенции на Браун беа недоволни за Бостон да го избегне вториот пораз бидејќи кај гостите имаше повеќе расположени кошаркари, а најмногу се истакна Адебајо кој оствари даб-дабл со 31 поен и 10 скока.
 
И следниот четврти натпревар ќе се игра во Бостон веќе во вторниок наутро (02:30 часот). 
 
Ноќеска во 3 часот по полноќ ќе се игра и третиот финален меч во западната конференција во која Голден Стејт на гостувањето кај Далас влегува со предност од 2-0 во победи.