Маја Миа била пронајдена со прострелна рана во глава а покрај неа имало пиштол, полицијата го расветлува случајот
Јужноафриканската полиција ги истражува околностите во кои трагично го загуби животот Маја Јанеска, познатата инфлуенсерка и мејк-ап артистка која потекнува од Македонија. Таа во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата, јавува еден јужноафрикански портал.
Според порталот, полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите изјавиле дека не можат да веруваат дека таа сама би си го одзела животот.
„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта ја потврдил лекар“, изјавил портпаролот на полицијата Масондо.
Порталот пренесува дека нејзиното момче за време на настанот било во домот.
Познатата инфлуенсерка пред неколку дена била во Македонија.
„Не можам да поверувам дека повеќе не е меѓу нас, а само минатата недела беше во Македонија да го прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка и после долго време да се воспостават дипломатски односи“, пишува на Фејсбук нејзиниот долгогодишен пријател Сефер Цаноски.
Цаноски вели дека Маја му кажала дека создала голема мрежа на пријатели во многу држави на африканскиот регион и дека ја почитуваат како успешна жена.
„Во тоа се уверив и сам, за време на моето патување во Африка, кога организираше средби со неколку земји и со целиот државен врв во Преторија во Јужна Африка. Беше многу почитувана таму. А само три дена подоцна Јужна Африка испрати писмо до македонското МНР дека се подготвени да воспостават дипломатски односи. Желбата ѝ беше во Јужна Африка да има македонска амбасада“, пишува Цаноски и додава дека вчера министерката на претседателот на Јужна Африка му се јавила со шокантна вест и го известила дека во петокот утрината Маја го загубила животот во несреќен случај.
Ново на Сител
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје