Магнезиум за здраво тело и здрав живот
Недостатокот на магнезиум е многу честа појава кај човекот, иако овој минерал се наоѓа во многу намирници, како што се риба, млеко, јаткасти плодови и лиснат зеленчук.
Магнезиумот, пред сѐ, ја регулира работата на мускулите, но всушност има и други важни улоги во човековото тело. Имено, ги регулира и нервите, нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и делува на потрошувањето на енергијата. Недоволниот внос на магнезиум може да ја зголеми опасноста од дијабетес, висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања, остеопороза и други болести. Британскиот лекар Кишан Витлани наведува четири предупредувачки симптоми што укажуваат на недостаток на магнезиум.
Губење апетит
Оваа негативна појава може да укаже на различни здравствени проблеми како стрес, стомачни проблеми или несакани последици од лекови, но може да биде и резултат на недостаток на магнезиум. При чувствуво на гадење и повраќање, покрај губењето апетит, важно е да се провери нивото на магнезиум, особено затоа што повраќањето исто така ќе придонесе за дополнително намалување на нивото на тој корисен минерал.
Грчеви во мускулите
Мускулните грчеви се меѓу најчестите признаци за недостаток од магнезиум. Во тешки случаи, може да предизвика дури и напади. Понекогаш грчевите може да бидат последица на прекумерен замор или премногу кофеин, но и недостигот од магнезиум исто така може да биде причина. Научниците веруваат дека овие симптоми се предизвикани од зголемен проток на калциум во нервните клетки, што ги стимулира мускулните нерви.
Чувство на слабост и вкочанетост
Ниското ниво на магнезиум влијае на повеќе телесни процеси, вклучително и нервното сигнализирање и нивоа на калиум во мускулните клетки, што може да предизвика замор, слабост и вкочанетост. Заморот и слабоста сами по себе можеби не се знак за недостаток на магнезиум, но во комбинација со други симптоми може да укажуваат на ниско ниво на тој минерал.
Проблеми со менталното здравје
Луѓето со пониски нивоа магнезиум може да почувствуваат и анксиозноост. Некои истражувања посочуваат и поврзаност меѓу недостатокот на магнезиум и депресијата.
Ново на Сител
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите