Македонија
14. December 2017 - 9:01

Маглата го попречува патниот сообраќај, железничкиот и авиосообраќајот без проблеми

Густата магла во скопската котлина засега не го попречува патниот, железничкиот и авиосообраќајот.

Од изутрина се реализирани предвидените полетувања и слетувања од скопскиот аеродром „Александар Велики“, со исклучок на утринскиот лет на „Туркиш ерлајнс“, кој како и вчера е откажан поради лоши временски услови, покажува веб страницата на аеродромот во Скопје.

Според информации од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), поради маглата видливоста на автопатот Скопје-Катланово е намалена на 50 до 100 метри. Градскиот и приградскиот сообраќај во главниот град, како и меѓуградскиот превоз, засега се одвиваат непречно со вообичаено доцнење за овој период од годината.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла, а особено густа магла ќе има во скпоската котлина.