„Магичен глас“ - концерт за деца на Македонската филхармонија
Македонската филхармонија денеска напладне ќе одржи симфониски концерт за деца насловен „Магичен глас“, на кој како солист ќе настапи сопранот Билјана Јосифов. Аниматор на концертот ќе биде актерот Мартин Јордановски, а диригент Дијана Илкоска-Имери.
- Приказната се однесува за едно момче кое сака да стане оперски пејач и сонува сон во кој тој навистина пее оперски арии. Во сонот се појавува добрата вештерка, која е всушност оперска пејачка, и се обидува да му го оствари сонот...Приказната е полна со хумор и изненадувања и прекрасна музика соодветно избрана за најмладите слушатели, дела од Копланд, Бернштајн, Римски-Корсаков, Моцарт, Мусоргски, Штраус, Росини, соопшти Филхармонијата.
До крајот на годината ќе се одржи уште еден симфониски концерт за деца, на 23 декември, насловен „Новогодишни волшепства“ кој, како што наведува Филхармонијата, ќе донесе музика од класичната литература наменета за таа пригода.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски