Мадона: Контролата на оружјето е новата американска вакцина
Мадона постави две видеообјави кои повикуваат на контрола на оружјето во САД, обраќајќи им се на своите следачи на Инстаграм со повикот „Разбуди се, Америка!“ – за крај на насилството со оружје.
Во видеото надополнето со ознаките #WAKEUPAMERICA (Разбуди се, Америка) и #GUNCONTROLNOW (Контрола на оружјето сега), заедно со непознати луѓе на улиците и маска „фантомка“ што ѝ го покрива лицето, на крајот на спотот, поп-ѕвездата се сврте кон камерата и уште еднаш повика на контрола на оружјето, опишувајќи го тоа како спасителна вакцина.
– Дали сте чуле за оваа нова вакцина за Америка? Ќе ги одржи сите во живот, и ќе нè чува безбедни! Се вика „контрола на оружјето“. Ова е новата вакцина. Треба да биде задолжителна за сите граѓани!, рече Мадона.
Во второто видео, ѕвездата додава: „Да, луѓето убиваат други луѓе, а не оружјето. Но, повеќето луѓе не се доволно поучени, а пиштол и премногу лесно се добива. Ако тоа беше забрането, никој не би ја чувствувал потребата. Човек може да има пиштол и само за да се заштити од другите кои имаат оружје.“
Двете политички објави на Мадона следат неколку дена откако поп-пејачката повика на контрола на оружјето со кусо видео од нејзиното лице и стакло разбиено од куршуми.
Ново на Сител
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот