Лукаревска: Честит и вековит Денот на независностa - Од „буре барут“ станавме фактор на регионална стабилност
Нека е честит и вековит Денот на независноста-8 септември!
30 години од историскиот референдум во 91-та година кога го поставивме темелот на современата држава, со гордо крената глава може да кажеме: заедно успеавме!
Денес, Република Македонија е меѓународно призната, економски напредна, слободна и демократска држава со своја лична карта во Обединетите Нации.
Полноправна членка на НАТО, пред почеток на преговори со ЕУ, пријател на демократскиот свет.
Економијата е стабилна, парите се враќаат кај граѓаните, платите растат, се гради на сите страни!
После три турбулентни децении, од ,,буре барут’’ станавме фактор на регионална стабилност и почитуван пример за мирно решавање конфликти.
Тоа е заеднички успех на сите наши граѓани!
Низ сите овие години, учевме важни лекции и созревавме како општество.
Научивме дека единствениот правилен пат е патот на демократијата, на слободата, на економскиот развој.
Дека успешната македонска приказна е заедничката приказна на сите луѓе кои живеат овде без разлика на вера и припадност, земја на еднаквост и еднакви можности.
Затоа ,,едно општество за сите’’ не е само фраза, туку е клуч за развој и просперитет на граѓаните и државата. Така треба и да продолжиме.
30 години независност одбележуваме во време во кое нашата истрајност, жилавост, храброст и решителоност не водат до справување и со најсилните предизвици со кои се соочи и целиот свет.
Во нашата заедничка борба за подобро утре, продолжуваме напред, заедно!
Тоа најдобро го знаеме. Нека е за многу години!
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Обвинителство постапува за расчистување на физичкиот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово
-
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
-
Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате
-
Тошковски: Ставени под контрола пожарите во Крива Паланка, Орман, Дојран, Николиќ и Волково
-
Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово