Македонија
2. May 2016 - 16:17

Лука Волонте: Изборите треба да се одржат, левичарските партии не смеат да ги отфрлаат само затоа што ќе изгубат

Европа е во голема мигрантска криза и не смее да си дозволи обоена револуција во Македонија. Порача во својата последна колумна италијанскиот политичар Лука Волонте.

Западниот свет, САД и пред се ЕУ, не треба да дозволат оваа криза и овие протести да ги одложат изборите во Скопје. Не смее да се дозволи Македонија да стане “Црна Дупка“ за миграција – вели поранешниот претседател на демохристијанската група во парламентарното собрание на советот на европа.

“Во Македонија има внатрешна политичка битка на која западните медиуми почнаа да гледаат како на “обоена револуција“ која е спонзорирана од ЕУ и САД. Но резултатот на таканаречените обоени револуции кои се подржани од САД, Левичарите и Богатите профитери не секогаш е демократија и почитување на човековите права, тоа го видовме во Арапската пролет. Ако дозволиме нова револуција на Балканот во екот на мигрантската криза ќе дојде до необјаснива катастрофа и неправда. Никој, од никоја геополитичка причина, не може да си дозволи  земја сосед на ЕУ да биде во перманентна криза, како што тоа се случи во Украина.“

Еминентниот италијански политичар ја потенцира и улогата на Соросовата фондација во целото сценарио. Во својата колумна тој ги извади на тапет и сите радикално левичарски активисти кои во истовреме делуваат и на насилните протести но и во помагањето на мигрантите да ја запоседнат европа.

“Ова е резултат на изборните порази кои ги доживуваа претседателот на лево-центричната социјалдемократска партија и нејзиниот лидер Зоран Заев кој е непопуларен. Затоа што сакаат да избегнат соочување со гласачите тие почнаа обоена револуција со учични протести и насилство.“

Волонте прогрнозира дека кога и да се одржат избори – на нив ќе победат ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, пред се, поради огромните економски резултати кои и ги имаат донесено на Македонија.

Да се надеваме дека администрацијата на Обама ќе ја следи истата линија како и ЕУ. Македонската влада и македонскиот народ бараат само почитување на демократијата и вољата на народот, како Европски сон, заклучува Волонте.