Фудбал
9. May 2016 - 9:59

Лука Тони ја заврши кариерата со победа над шампионот

Старо-новиот италијански шампион Јувентус неочекувано забележа пораз во Верона, од екипата која наредната сезона ќе се натпреварува во вториот ранг на италијанскиот фудбал, Серија Б.
 
Верона, која е последна на табелата, прв пат по 2000 година славеше против Јувентус и ја прекина серијата на „старата дама“ од 26 натпревари без пораз во Серија А. Последниот пораз во првенствотo Јувантус го доживеа на 28.октомври минатата година од Сасуоло.
 
Верона до победата дојде со головите на Лука Тони, кој со паненка реализираше пенал во 43.минута и Федерико Вивијани во 55.минута. Голот за Јувентус го постигна Паоло Дибала во 93.минута од пенал.
 
Дуелот со Јувентус беше последен во кариерата за 39-годишниот ветаран Лука Тони, кој во кариерата има светската титула со италијанската репрезентација. а во сезоната 2005/2006 постигна 31 гол во дресот на Фиорентина и беше најдобар европски стрелец.
 
Тони богата кариера ја завршува со 157 постигнати голови во Серија А.