Лука, Јана и Софија најчести имиња во земјава
– Јана и Софија го делат првото место како најчести женски имиња, а со убедливо водство кај машките имиња е Лука – дури 213 родители си го крстиле детето со тоа име.
Според последните податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година меѓу најпопуларните имиња кај новородените женски бебиња се Јана, Софија, Ана, Мила, Хана, Бисера, Мелек, Алина…, додека кај машките деца најчести имиња се Лука, Дамјан, Михаил, Марко, Ајан, Амар, Хамза….
Како специфични имиња кои родителите им ги даваа на своите новороденчиња се Аника, Инара, Асја, Бора, Дуа, Олег, Јан, Тиар и Арт.
Според Државниот завод за статистика, минатата година се родиле 18.648 бебиња, од кои 9.531 машки и 9.117 женски.
Според месецот на раѓање, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во јули, дури 1 735.
Ново на Сител
-
Армискиот полигон Криволак од 26 мај до 9 јуни домаќин на војските на седум НАТО држави и две партнерски
-
Ким Џонг-ун набрзо ќе допатува во официјална посета на Москва
-
Писториус: Трамп погрешно го проценил своето влијание врз Путин
-
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
-
Идната недела нов министер за здравство
-
Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешни работи
-
Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
-
МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп - Градско