Луѓето со оваа крвна група се поотпорни на загадувањето на воздухот
Новите истражувања покажуваат дека типот на крвта може да го намали или зголеми ризикот од срцев удар како резултат на високи нивоа на загаденост на воздухот.
Се работи за варијанта на ABO генот – која може да се најде во A, B, и AB крвните групи. Кај овие луѓе, ризикот од срцев удар во периодите со значително загадување е повисок отколку кај луѓето со крвна група 0.
Тимот на епидемиологот Бенџамин Хорн, од Intermountain Medical Center Heart Institute во Солт Лејк (Јута), ги анализирал податоците од пациентите на институтот заведени во периодот од 1993 до 2007 година. Идентификуван е подсет, т.е. подгрупа од пациенти кои имале акутен коронарен синдром (ACS) поврзан со краткорочна изложеност на високо ниво на PM 2.5 честици. Кога ги споредиле податоците, се покажало дека носителите на ABO варијантата наречена „rs687289 A allele“ имаат повисок ризик од проблеми со срцето при високи PM 2.5 концентрации.
Но да не се сфатиме погрешно; кога концентрацијата на PM 2.5 честици ја надминува границата од 25 микрограми во кубен метар, ризикот се покачува кај сите луѓе. Само што, кај тие со нулта крвна група се покачува малку помалку.
„Пред две години објавивме наоди што покажуваат дека штом се надмине таа граница (од 25 микрограми), секои дополнителни 10 микрограми загадување доведуваат до значително повисок ризик“, вели Хорн. „На нивоата под 25 микрограми, има мала, ако воопшто и има разлика меѓу степенот на ризик. Но на нивоа повисоки од 25 микрограми PM 2.5 на метар кубен, ризикот се зголемува линеарно“.
Поконкретно, со секои 10 дополнителни микрограми PM 2.5 честици на метар кубен, ризикот кај луѓето со не-нулта крвна група се покачува за 25%, додека кај луѓето со нулта крвна група се покачува за само 10%.
Нема фајде да се паничи, велат научниците, но добро е да бидете свесни за ова. Патем потсетуваат дека постојат начини вие самите да го намалите ризикот; за жал ништо револуционерно, туку стандардното – да не излегувате, да вежбате во затворени простори и редовно да си ги пиете лековите за срце (ако пиете).
Студијата е објавена на конференцијата Scientific Sessions 2017 на Американската асоцијација за срце.
PS. Не е прв пат крвната група да се покаже поврзана со срцевите проблеми. Една студија објавена во април, во која беа анализирани повеќе од 1.3 милион луѓе, исто така покажа дека луѓето со не-нулта крвна група имаат повисок ризик од кардиваскуларни проблеми, меѓу кои и срцеви удари (оваа студија е неповрзана со загадувањето). Тогаш не беа востановени каузалните механизми зад таквиот тренд.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина