Луѓето со белодробни болести не треба да се обврзани да носат маска за лице
Луѓето со заболувања на белите дробови не би требало да носат заштитни маски ако тоа им предизвикува проблеми со дишењето, велат експертите.
Според лондонски „Дејли меил“, британската Влада сега препорачува на населението да носи маски во случаи кога е тешко да се одржи потребното растојание од најмалку два метра во однос на другите луѓе.
Сепак, поради носење маски на лицето, луѓето кои страдаат од болести како астма, хронична опструктивна белодробна болест или цистична фиброза може да имаат проблем со дишењето – кај астматичарите маските можат да предизвикаат напад на астма, додека кај некои луѓе може да се појави анксиозност.
Од друга страна, доколку не носат маски, пациентите со заболувања на белите дробови се соочуваат со зголемен ризик од сериозната болест Ковид-19 доколку се зарзат со коронавирусот и имаат поголема веројатност да го пренесат вирусот на други, се вели во написот во весникот. Затоа, се препорачува да носат маски за да се заштитат себе си и оние во нивната околина од инфекција, освен ако тоа не им предизвика други здравствени проблеми.
Носењето заштитна маска на лицето е задолжително во повеќе европски земји, меѓу кои Франција, Германија, Австрија, Чешка и Словачка.
Ново на Сител
-
Путин: Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена, слично ги проценуваат настаните
-
Кривична пријава против маж од Косово поради давање поткуп
-
На Табановце уапсен маж од Полска, приложил фалсификуван документ
-
Уапсен 36 годишен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево - Ги оштетувал иконите кај крстот
-
ФК Вардар го претстави новиот сопственик
-
Лавров ги осуди „деструктивните“ акции на САД во Југоисточна Азија
-
Минчев: Наследството од народното востание потсетник да ја поддржуваме слободата, правдата и еднаквоста
-
Средба Зеленски - папа Франциск