Свет
14. April 2018 - 11:34

Луѓето беа во шок поради нападот - сведок раскажа каква е ситуацијата во Сирија

Дени Меки, слободен новинар од сирискиот главен град изјави дека бил разбуден во раните утрински часови со нападите врз Дамаск.

-Најпрво беше многу страшно, изјави Меки за Си-Ен-Ен, велејќи дека слушнал 12 одделни ракети.

Според него, сириската воздушна одбрана почнала да лансира проектили во обид да спушти дел од ракетите кои биле упатени кон сириските капацитети за хемиско оружје.

Меки рече дека веднаш по наводниот напад со хемиско оружје на 7 април, сите во Дамаск и Сирија биле на готовс.

-Луѓето беа многу шокирани и изненадени од заедничкиот напад на Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција, рече Меки, додавајќи дека два часа по нападите жителите на Дамаск му се вратиле на секојдневниот живот.

Вели дека сириските граѓани поминале седум години во војна, па се навикнати на ваквите ситуации.

Според Фирас Абдула, антивладин активист кој неодамна беше евакуиран од Гура, нападите биле само медиумски напад врз сирискиот режим.

-Ние ги знаеме ефектите од нападот на терен. Ова не е доволно да се запре сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави Абдула.