Ракомет
15. April 2017 - 21:05

ЛШ - жени: ЖРК Вардар на Ф4 заедно со Ѓер, Букурешт и Будуќност

Истите четири екипи од лани ќе играат во финалето на Ф4 турнирот и оваа година. Ракометарките на ЖРК Вардар ќе бидат дел од завршниот турнир Ф4 во Будимпешта четврта сезона по ред. „Вардарки“ и во реваншот го совладаа данскиот шампион Митјиланд. Во СЦ „Јане Сандански“ вечерва беше 26:24 или ЖРК Вардар имаше вкупен резултат во четвртфиналето од 54:50.

Две победи постигна и Будуќност откако денеска во реваншот го победи Ларвик на гости со 35:30 или вкупен резултат од 66:47.
Со две победи во полуфиналето се пласира и европскиот првак Букурешт. Романската екипа победи на гости кај ФТЦ со 27:26 или има вкупен резултат 57:51.
Унгарија сепак ќе има еден претставник на завршниот турнир откако Ѓер во реваншот го победи Мец со 28:22 и ја анулираше негативата од првиот дуел од еден гол. Вкупен резултат 59:54.
Извлекувањето на полуфиналните двојки ќе се одржи во вторник во Виена.