-->
-->
ЛШ: Вардар победи во Монпелје
-->
Вардар со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион во неделата во Монпелје, во првиот меч од Б групата, славеше со 30:25 (9:12). Арпад Шетрбик го предводеше Вардар со 17 одбрани, додека најефикасни во ‘црвено-црниот’ табор беа Македа и Дибиров со по шест голови.
Две различни полувремиња одигра Вардар против Монпелје, во првото мкедонскиот шампион играше безидејно и деконцентрирано во нападот и премногу ‘меко’ во одбраната. Промашувањата на Дибиров во нападот ги компензираше брилијантниот Штербик на голот и ефикасниот Македа.
Во второто полувреме одбраната 5-1 му донесе резултат на Вардар. Дибиров одлично ги читаше акциите на противникот, агресивната одбрана му овозможи на Вардар лесни погодоци од контранапад.
Монпелје одлично го отвори мечот, одличниот голман Жерад одбрани три топки и му овозможи на тимот да стигне до 6:2 во 12.минута.
Првите две третни од првиот дел целосно им припаднаа на голманите, и Жерард и Штербик имаше по шест интервенции.
Вардар малку се созеде по лошиот старт во 20.минута намали на 7:5 и предноста од два гола на семафорот домаќинот ја одржуваше до 26.минута кога преку Гајиќ и Гигу одново стигна до плус четири (11:7).
До полувремето Вардар успеа да надополни еден гол од предноста на Монпелје (12:9).
Промената на дефанзивната формација од 6-0 во 5-1 во првите шест минути на Вардар му овозможи серија од 5:1 и прво водство на мечот 13:14.
Дибиров профдолжи да диригира со играта во одбраната, успеа да украде неколку топки, од кои Вардар лесно постигнуваше голови. Македонскиот првак во 43.минута стигна до максимални пет гола предност 15:20.
Вториот тајм аут на Монпелје донесе и промена на играта во одбраната на францускиот тим, а која Вардар немаше одговор цели шест минути. Монпелје во 49.минута стигна на гол негатива (19:20), се до 55.минута го притискаше Вардар, но ‘црвено црните’ го издржаа притисокот и на крајот забележаа очекувана победа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски остварил средба со Ердоган, потврдена посветеноста за зајакнување на стратешкото партнерство
-
Димитриеска Кочоска: Темата со пратеничката Петровска е завршена за мене, се фокусирам на својата работа
-
НБА: Едвардс пред суспензија поради 16 техничка грешка сезонава
-
Кејти Пери оди во Вселената
-
Ватикан: Папата Франциск продолжува со лекувањето, неговата здравствена состојба се подобрува
-
26 годишна девојка пријавена за исчезната, пратила порака дека е во Србија
-
Сериозни инциденти во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа
-
Шпанскиот амбасадор за Мицкоски: Пример за едноставност, чекаше ред на аеродром како сите други