-->
-->
ЛШ: Вардар го совлада Монпеље
-->
Ракометарите на Вардар славеа над Монпелје 34:26 (17:17) во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.
Раул Гонзалес реши малку да го „измеша“ почетниот состав, така што мечот го започнаа Манасков и Лазаров, но сериозниот пристап веже по пет минути му донесе предност на Вардар 4:1, потоа и 6:2, но кога гостите се доблиќија на 7:6 по десет минути игра, вардаровата клупа беше приморана да побара минута одмор.
По тајмаутот, Вардар експресно постигна четири гола и на половина од првото полувреме стигна до максималната предност од пет гола 11:6.
Тука Вардар застана, одбраната стана порозна, акциите беа безидејни и му дозволи на Монпелје во целост да се врати во мечот. Францускиот тим во 25 минута израмни на 14:14, а до крајот на полувремето двата тима постигнаа по три гола, за 17:17 по 30 минути игра.
По исто сценарио започна и второто полувреме, Вардар лошо играше во двата правци и му дозволи на Монпелје да стигне до првото водство на мечот 20:21 во 38.минута.
Вардар успеа да се врати многу бргу во мечот и во наредните осум минути со серија 6:2, стигна до 27:23.
Во поледните десет минути Вардар со рутинска игра ја одржа предноста и ја запиша деветтата победа во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир