-->
-->
ЛШ: Вардар домаќин на Мешков, Металург гостин на Татран
-->
Македонските претставници во ракометната Лига на шампионите денеска ги играат натпреварите од 2.коло од ова натпреварување. Шампионот Вардар пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува екипата на Мешков Брест, единствената која во оваа сезона од СЕХА лигата успеа да остане непоразена од Вардар. Почетокот на дуелот е во 17:30 часот.
Металург во терминот од 15 часот ќе гостува кај словачкиот првак Татран Прешов. Тоа е пак единствената екипа, која македонскиот вице првак ја победи во СЕХА лигата на домашен терен.
Двете македонски екипи во првото коло постигнаа победи.
Распоред на натпревари од 2.коло:
А група: Веспрем - Кадетен Шафхаузен, Барселона - Кил, Силкеборг - Флензбург, ПСЖ - Висла.
Б група: Вардар - Мешков Брест (сабота), Киелце - Кристијанштад, РНЛ - Цеље 31:30.
Ц група: Татран Прешов - Металург (сабота), Ла Риоха - Монпеље, Елверум - Чеховски Медведи.
Д група: Динамо Букурешт – Мотор 35:31, Брага - Холстебро, Нант - Бешикташ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик