-->
-->
ЛШ: Реал против традицијата и германската упорност
-->
Вторник и среда се резервирани за четвртфиналните реванши во фудбалската Лига на шампиони. Во вторник ќе играа Манчестер Сити и ПСЖ, односно Реал Мадрид и Волфсбург, додека во среда на програмата се дуелите Атлетико Мадрид-Барселона и Бенфика-Баерн Минхен.
Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, Реал, против Волфсбург ќе треба да надомести негатива од два гола. Германскиот тим пред своите навивачи минатата среда победи со 2:0.
Реал, покрај Волфсбург, за противник ќе ја има и традицијата која вели дека последен пат во европските купови надоместил минус од два гола во 1987 година. Тогаш, Реал загубил од Црвена ѕвезда во Белград 4:2, а во реваншот победил 2:0.
„Дали еден гол ќе биде доволен? Да, но само доколку ние први го постигнеме. Ќе биде ова многу тежок меч. Мора да одиграме како на првата средба, да делуваме како тим“, изјавил Португалецот во дресот на Волфсбург Виериња за германските медиуми.
Од друга страна, играчите на Реал очекуваат „магична ноќ“ пред своите симпатизери и натпревар со кој ќе обезбедат полуфинале.
„Би сакал стадионот да биде преполн, бидејќи многу ќе ни значи поддршката на навивачите. Се надевам дека ќе имаме ‘магична ноќ’. Имаме самодоверба, тренерот верува во нас, мора во нас да веруваат и навивачите. Ќе мора да бидеме трпеливи. Секој од нас ќе мора да игра со голем интензитет во текот на целиот натпревар“, изјавил најдобриот стрелец на Реал, Кристијано Роналдо.
Манчестер Сити минатата недела во Париз избори поволен резултат 2:2, против ПСЖ. Сити се бори за своето прво полуфинале во Лигата на шампионите, а ПСЖ последне пат бил меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување пред 21 година.
Сити е комплетен, додека кај ПСЖ поради жолти картони ќе ги нема Блез Матуиди и Давид Луиз.
Францускиот шампион во претходната рунда го елиминираше Челзи, во двете средби победи со 2:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот