-->
-->
ЛШ: ПСЖ го совлада Јуве но само за второто место во групата
-->
Јувентус одигра еден од своите најдобри натпревари од почетокот на сезоната, но тоа не беше доволно против Пари Сен Жермен . Французите победија со 2:1 во Торино во режија на Килијан Мбапе . Напаѓачот на светците го отвори резултатот со фантастичен гол во 13. минута и му асистираше на Нуно Мендеш за победничкиот гол во 69. минута. Капитенот на „бјанконерите“ Леонардо Бонучи израмни на 1:1 во 39. минута.
Екипата на Кристоф Галтие заврши на второто место во групата Х на Лигата на шампионите, бидејќи Бенфика ги надмина по убедлива победа од 6:1 против Макаби (Хаифа), а пресуден беше голот во судиското надополнување. Двата тима завршија со гол разлика 16:7, а Бенфика ја освои групата бидејќи постигна повеќе голови на гости. На гол разлика , Јувентус заврши на третата позиција пред Макаби (Хаифа) , бидејќи двата тима имаат ист број на бодови. Италијанците треба да и бидат благодарни на Бенфика која победи во Израел. Ова го гарантира учеството на Јуве во Лига Европа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени