-->
-->
ЛШ: Полуфинале за Јуве и Монако
-->
Јувнетус и Монако синоќа изборија пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите по елиминациите над Барселона и Борусија Дортмунд.
На „Камп Ноу“ Јувентус ја зачува предноста од првиот дуел од 3:0 и одигра нерешено 0:0 на теренот на Барселона. „Каталонците“ не успеаја да постигнат гол и дуелот да го направат неизвесен. Јувентус успешно ја одбрани предноста.
На вториот дуел одигран синоќа Монако ја победи Борусија Дортмунд со 3:1 или во вкупниот резултат е 6:3 за Монако. Стрелци на головите за Монако беа: Килијан Мбапе во 3.минута, Радамел Фалкао во 17.минута и Валер Жермен во 81.минута, додека голот за „милионерите“ го постигна Марко Ројс во 48.минута.
Во вторник полуфинале изборија Реал Мадрид (европски првак) и Атлетико Мадрид.
Извлекувањето на двојките ќе се одржи во Нион на 21.април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура