Ракомет
30. September 2017 - 19:20

ЛШ: Металург се израдува на победа против Спортинг

 

Ракометарите на Металург ја израдуваа со победа малубројната публика во СЦ „Борис Трајковски“ . СЕ виде поразлично лице на Металург кога станува збор за мечевите во Лигата на шампионите. И покрај тоа што тимот од Автокоманда зад себе имаше два тешки порази во низа, сепак успеа да го најде патот до триумфот, го совлада Спортинг со 28-27 (17-13) за прва радост во елитното натпреварување.