-->
-->
ЛШ: Металург гостува во Чехов
-->
Македонскиот ракометен вицепрвак Металург денеска го игра третиот натпревар од групата Ц од Лигата на шампионите. Тимот од „Автокоманда“ гостува во Русија кај екипата на Чеховски Медведи.
Металург на двата досегашни дуели има победа и пораз, иако на загубениот дуел во Словачка избраниците на Лино Червар одиграа добро прво полувреме, но предноста ја испуштија во вториот дел кога не се снајдоа на одбраната 4-2 на противникот.
Чеховски Медведи во првите две кола од групата одиграа нерешено на двата дуела (идентични 28:28) и секако посакуваат конечно да ја постигнат првата победа.
Дуелот Чеховски Медведи – Металург почнува во 18 часот.
Од оваа група в сабота играат Ла Риоха – Татран Прешов и в недела Елверум – Монпеље.
Вториот македонскит тим во Лигата на шампионите првакот Вардар в недела гостува кај Цеље.
Вчера се одигра и првиот дуелот од 3.коло, а Барселона победи на гостувањето кај Флензбург со 28:27.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски во Србија
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
4 пациенти заминаа за Атина
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори